Изложба на фотографии на германскиот фотограф Курт Хејлишер
24.11.2020 13:14
| KumanovoNews
Во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ денеска беше отворена изложба на фотографии на германскиот фотограф Курт Хејлишер.
Фотографиитре се направени минатиот век на Балканот во 1910 година, 1920 и 1930 година на покана од тогашните власти на СХС.
„На фотографиите се претставени архитектурата и начинот на живот на луѓето кои живееле на тогашниот простор од Босна до Македонија. Ги покануваме сите заинтересирани да дојдат и да ја погледнат оваа изложба“, вели Сашо Тодоровски, директорот на Центарот за култура во Куманово.
Изложбата e во фоајето на Центарот за култура ќе биде отворена за посетителите во следните пет дена. При посетата задолжително е носење на заштитна маска.

