×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Изложба на носии од повеќе етнички заедници

    28.05.2015 14:13 | KumanovoNews

    Во Уметничката галерија синоќа беше отворена изложбата „Спој на културните различности преку носијата“.

    Изложба на носии од повеќе етнички заедници

    Посетителите можеа да ги видат народните носии на српската, влашката и ромската заедница преку експонати од збирката на народни носии и ткаенини, како и  шопско - полјанската и которската носија.

    Изложбата е по повод 21 мај за одбележување на Светскиот ден на културната различност за дијалог и развој. Изложбата е изработена од етнолозите од технолошкото одделение на националната установа музеј Куманово, при што се потрудија во една градска населба да ги претстават сите етнички малцинства кои што живеат на територијата на кумановскиот крај како и во самата Република Македонија. Знаеме дека тука живеат голем број на етнички малцинства како што се Роми, Албанци, Турци, Бошњаци итн. И сите тие на некој начин се различни од нас, од нашата култура по својата традиција по својот јазик. Негувајќи ги овие различности на некој начин се чувствуваме дека токму различностите не зближуваат - изјави Анита Цветановска, директорка на Музеј Куманово.

    Преку носиите беа претставени различностите на повеќе културни заедници кои живеат во  Куманово.

    Настојуваме да градиме едно општество кое ќе биде еднакво за сите и ова е еден добар начин на едно место преку претставување на културата на повеќе етнички заедници да се остави белег и да се стави акцент на она дека градиме соживот и заедничка иднина која ќе биде подобра за сите - вели Емилија Трајковска, претседател на Унија на жени на ВМРО-ДПМНЕ ОК Куманово.

    Пораката е дека Македонија била и останува мултиетничко и мултикултурно демократско општество кое ќе се развива во тој правец.