Изложба на расни кучиња во Куманово
        20.11.2014 14:33
                  |               KumanovoNews                                  
	         
      Во Спортскиот центар Соколана во недела ќе се одржи изложба на расни кучиња.
Изложбата ја организира Кинолошко друштво “Кинолог“ од Куманово, а награди обезбеди Кинолошки сојуз на Македонија.
Заинтересираните сопственици можат да ги пријават своите миленици кај организаторите за учество на изложбата. Изложбата ќе започне во 10 часот.


                  
                  
                  
                  
                  
                  



