Изложба на реплики на византиски икони
25.07.2012 07:02
| KumanovoNews
Во Центарот за култура “Трајко Прокопиев“ во Куманово, утревечер ќе биде отворена изложба на реплики на византиски икони од Маја Стојадиновска.

Стојадиновска е родена 1973 во Куманово, а дипломирала на Филозофскиот факултет во Скопје на Институтот за социологија.
Со сликарство се занимава десетина години и учествувала на повеќе групни изложби на самоуки уметници.
Изложбата „Реплики на византиски икони“ е нејзина прва самостојна изложба.
Отварањето е закажано во 20 часот.