×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Изложба на слики „Гласна тишина“ на Мартина Спасовска во Куманово

    17.04.2024 11:24 | Теодора Стоевска

    Во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово утре /четврток/, во 20 часот ќе биде отворена изложбата на слики  „Гласна тишина“ на на младата кумановка Мартина Спасовска.

    Изложба на слики „Гласна тишина“ на Мартина Спасовска во Куманово

    „Гласна тишина“ е прва самостојна изложба на Спасовска пред кумановската публика. 

    Изложбата се состои од 13 слики портрети - масло на платно, работени повеќе од една година кои претходно беа изложувани и во Младинскиот културен центар во Скопје.

    „Мартина Спасовска во нејзините дела почетно го претставува сопствениот лик, а вклучува и други женски ликови видени од нејзина перспектива), не како модел(и) туку како катализатор(и) на проследување на енергијата што ја чувствува и нејзино преобликување во ликовен продукт. Таа во делата што ги создава ги надминува границите на едноставен портрет, сликата оди подлабоко од претставената индивидуа, служејќи како потресна претстава на човековото искуство и соочување со актуелните прашања на нашето време. Преку портретните наративи навлегува длабоко во темите на ранливоста, силата и потенцијалите за трансформација кои битисуваат во сите нас. Поканува на отворен дијалог и интроспекција и ги соочува гледачите со колективните рани и болки што постојат во нас и во нашиот заеднички свет. Притоа, поттикнува подлабоко разбирање на сложеноста на нашето постоење и потенцијалот за посочувствителна и похармонична иднина”, стои во дел од извадоците на рецензијата на изложбата на Горанчо Ѓорѓиевски, историчар на уметност.

    Мартина Спасовска (27) е од Куманово, дипломирала на Факултетот за ликовни уметности - насока сликарство.  Има изложувано во Македонија, Англија, Њујорк, Австрија, Грција, Косово и Турција. 

    Изложбата ќе биде поставена до 10. мај 2024 година.