Мени

Изложба на слики на Кичевската ликовна колонија во Куманово

26.09.2019 09:45 | KumanovoNews

Во Изложбениот салон на Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ – Куманово, вечерва во 20 часот,  ќе биде отворена изложба на слики од 25-та Интернационална кичевска ликовна колонија.

Изложба на слики на Кичевската ликовна колонија во Куманово

Делата во најголем број се слики работени во техниката масло и акрил на платно, но има и графики и скулптури.

Изложбата ќе биде поставена до 15 октомври.

На оваа реномирана колонија којашто се организира во „Куќата на уметноста“ на локалитетот Кнежино, учество зедоа дваесетина уметници од земјата и странство.

Претставувањето на 25-та Интернационална кичевска ликовна колонија во Куманово е дел од Годишната програма подржана од страна на Министерството за култура на Македонија.