Изложба на слики од Струмичката ликовна колонија
Во Изложбениот салон на Центарот за култура “Трајко Прокопиев“ – Куманово, вечерва во 20 часот ќе биде отворена изложба на слики од 56-тата Интернационална струмичка ликовна колонија.

Учество на оваа изложба зедоа 14 уметници од Бугарија, Полска, Грција, Србија, Русија, САД и Македонија, ќе бидат претставени дваесеттина дела инспирирани од своето непосредно опкружување како и од знаменитостите на градот Струмица.
Изложбата е во организација и координација на НУ “Антон Панов“ – Струмица.
Како плод на добрата соработка меѓу Центрите за култура од Куманово и Струмица оваа колонија во Куманово успешно се презентираше во изминатите дваесеттина години.