×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Изложба на уметничка фотографија „Мајски салон“ во Занаeтчискиот дом во Куманово

    26.05.2025 13:05 | Оливера Пешевска

    Клупската изложба на уметничка фотографија „Мајски салон 2025“ ќе биде отоврена утре во 19.30 часот во просториите на Занаетчискиот дом во Куманово. 

    Изложба на уметничка фотографија „Мајски салон“ во Занаeтчискиот дом во Куманово

    Ова е 17 издание на изложбата. Ќе бидат изложени 35 фотографии изработени од членовите на Фото кино клуб „Козјак“, кој е организатор на манифестацијата.  

    „Ве покануваме да присуствувате на сите наши настани, учествуваат повеќе наши членови и ќе бидат изложени 35 дела кои го поминаа цензусот за успешна фотографија за минатата година“, истакна претседателот Милош Нешковски.

    Тој додава дека публиката ќе има можност да види најразлични фотографии, моменти од реалноста, емоции, мигови зграпчени и ставени во рамка. Изложените дела се показател на сериозноста и посветеноста со која и пристапуваат на оваа уметност и претставуваат уште еден доказ за оправданоста на интернационалното реноме кое го има ФКК “Козјак”.

    Нешковски додаде, дека ова година изложбата е исклучиво продуцирана со дела на нивни активни членови, и нема да има меѓународен карактер како изминатите две изданија. Упатиле покана до Фото клубот Загреб, но нивното гостување го договараат за идната година.

    Покровители на изложбата се Општина Куманово, Фондација за култура и спорт, под патронат на Фото Сојуз на Македонија.

    Влезот е слободен за сите заинтересирани.