×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Изложба на уметничка фотографија на Виктор Трајковски во Куманово

    09.07.2025 08:41 | KumanovoNews

    Во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово утре /четврток/ во 20 часот ќе биде отворена првата самостојна изложба на уметничка фотографија на  Виктор Трајковски.

     

    Изложба на уметничка фотографија на Виктор Трајковски во Куманово

    Изложбата е насловена „Живот на улица“, и претставува колекција од фотографии кои авторот ги изработил на своите патувања низ Холандија, Белгија, Франицја, Италија, Словенија, Турција, Јапонија, Германија, Австрија, Хрватска и Македонија.

    „Овие фотографии не се само начин на уметничко изразување на Трајковски, туку претставуваат патопис, тие се сведоци и чуватели на културата и луѓето кои во себе ја носат, претставуваат и пренесуваат истата. Оваа изложба ја слави убавината на несценираното - каде што сенките танцуваат на тротоарот, странците стануваат тивки протагонисти, а секоја слика раскажува приказна за животот онака како што се случува“, велат од Фото клуб „Куманово“.

    Тие ги покануваат сите љубители на уметничката фотографија и културата да дојдат на отворањето на изложбата, која ќе биде инспиративна вечер исполнета со привлечни визуелни елементи, интересни разговори и прослава на уличната култура низ објективот на фотографот.