Изложба од еко материјали во “Х.Т.Карпош“ во Драгоманце
        24.11.2014 14:55
                  |               KumanovoNews                                  
	         
      Во холот на основното училиште “Христијан Т.Карпош“, во село Драгоманце, поставена е изложба на дела изработени од еколошки материјали.
                  Изложбата се состои од триесетина дела направени од различни видови на стара хартија, пластика, старо дрво, школи и друго.
“Ученици од сите одделенија се вклучија во изработка на дела од еколошки материјали. Ние претходно имавме во училиштето еко патрола и решивме да направиме и еко изложба. Употребени се еко материјали, иверици, темперани бои. Децата со капачиња од пластични шишиња правеа декорации“ - вели Миле Тренчевски, организатор на изложбата.
Изложбата од еко материјали ќе трае десетина дена.


                  
                  
                  
                  
                  
                  



