×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Изложба “Скулптури на новото време 2013“

    29.07.2013 08:00 | KumanovoNews

     Во Центарот за култура “Трајко Прокопиев“ утревечер ќе биде отворена биеналната изложба “Скулптури на новото време 2013“.

    Изложба “Скулптури на новото време 2013“

    Ќе бидат изложени 20 скулптури изработени од дрво, мермер, бронза, метал, алуминиум, гипс и слично.

    Меѓу авторите се Александра Богоеска со делото “ Девојка “, Марјан Стојаноски со скулптурата “Јас и ти“, Влатко Зафирковски со “ Девојче “, Ристо Станковски  со“ Далечина “, Александар Јанев со “ Скулптура 1 “, Јордан Јанев со “ Танчерка “, Маја Танева со “ 154 “, Беди Ибрахим со “Карма“, Нела Јанковска со “ Вресок“.  Ангел Коруновски со “24“, Сашо Саздовски со “ Премин “ , Бранко Величковски со “ Неготинка “,  Горан Ѓорев со “ Зближување “, Емил Солески со “ Дувло “, Атанас Атанасоски со “ Цик - цак орнамент “, Томе Бундевски со “Енигма на љубовта“, Влатко Николоски со “ Дуализам “, Димитар Самарџиев ја изработи “ Жена “ , Стојче Тоциновски - “ Гитарист “ и Стојмир Петров - “ Игра на форми “.

    Изложбата се отвара во 20.30 часот.