×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Изложба „Жените и фотографијата“ во Куманово

    04.03.2020 10:23 | KumanovoNews

     Во изложбениот салон на НУ Центар за култура „Трајко Прокопиев“ – Куманово, во петок во 19.30 часот, ќе биде отворена традиционалната изложба на фотографија „Жените и фотографијата“.

    Изложба „Жените и фотографијата“ во Куманово

    Изложбата е во организација на Фото клубот „Куманово“.

    - Оваа година по седми пат ја отвораме изложбата „Жените и фотографијата“. Учество земаат 37 авторки од цела Македонија. Голема благодарност до членовите на Фото клубот „Куманово“ кои дадоа свој придонес во реализацијата на оваа изложба, како и на вработените и директорот на НУЦК Трајко Прокопиев од Куманово за отстапениот простор, соработката и несебичната поддршка која ни ја даваат,- велат од Фото Клуб „Куманово“.

    Објективот на жената фотограф е различен од објективот на маж фотограф, авторката на фотографијата има сосема поинаква перцепција за динамиката на објектите кои се опфатени со кадарот од апаратот. Различноста на перцепцијата се одликува и во квалитетот на фотографијата и во тематиката, објектот на фотографирање и техниката. Авторката преку фотографијата произведува цел свет од доживувања и пресеци на реалноста и светот каде што припаѓа.

    Историјата е полна со сведоштва за успешни фотографки почнувајќи од Џулија Маргарет Камерон и Тина Модоти, па се до Синди Шерман и Ени Лебовиц. Во својата позната студија насловена со За фотографијата (On photography) познатата есеистка и писателка Сузан Сонтаг ja разгледува специфичноста на фотографијата создадена од автори припаднички на женскиот род. Сузан Сонтаг под посебна анализа ги става фотографиите на Ени Лебовиц и го провлекува тврдењето дека генијалноста изразена во посебната убава уметност – фотографијата им припаѓа како атрибут на жените исто онолку колку што им припаѓа на мажите. Фотографската уметност е една од ретките уметности во чие етаблирање и развој, жените придонесувале подеднакво со мажите. Поради тоа може да се каже дека заложбите на жените и нивното интегрирање во создавањето на реалноста и пресликување на убавото е значајна и дека фотографијата е таа која е доказ за успешноста на жените во креирање на поубав и похуман свет.

    Изложбата ќе биде поставена до 19 март годинава.