×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Изложбата „Почеток без крај” на Ана Ивановска и Ангел Миов

    23.06.2017 09:57 | KumanovoNews

    Во Уметничката галерија – Куманово, вечерва во 20 часот ќе се отвори изложбата „Почеток без крај” на ликовните уметници Ана Ивановска и Ангел Миов во организација на НУ Музеј Куманово и ЗПРУ Кибер Панк Куманово.

    Изложбата „Почеток без крај” на Ана Ивановска и Ангел Миов

    Публиката ќе има можност да погледне една несекојдневна форма на ликовен израз кој подразбира амбиентална мултимедијална инсталација, поточно објект поставен на подот од галеријата и видео-арт проектиран на плафонот проследено со звуци. Делото покрај својата визуелна функција претставува и една комплексна содржина којa кај побликата побудува емоции и прашања поврзани со човековите размисли за постоењето, вечноста, патот и времето. Самиот наслов насочува на едно читање кое треба да воведе кон поставување на вечните прашања но и еден конкретен миг од вечноста која е преточена во дело кое е “Почеток без крај”.

    Ивановска и Миов припаѓаат на младата генерација ликовни уметници кој континуирано работат и се присутни на македонската и светската сцена, се познааваат уште од средно уметничко училиште, студираат во истата класа на ФЛУ каде што и магистрираат, припаѓаат на генерацијатакоја остана компактна и по завршувањето на студиите со отворање на единстената независна културна институција во Македонија Арт И.Н.С.Т.И.Т.У.Т.

    Ана Ивановска(Скопје, 1982) дипломирала (2006) и магистрирала (2011) на Факултетот за ликовни уметности во Скопје на отсек сликарство. Од 2006 год. член е на ДЛУМ и еден од основачите на уметничката група и простор Арт И.Н.С.Т.И.Т.У.Т. (2009) и групата „МОМИ“ (2012).

    Реализирала повеќе самостојни и групни изложби во Македонија и странство. Ана ја доби годишната награда „Денес” за млад ликовен уметник од Центарот за современи уметности (2008). Таа беше претставник на Р.М. на интернационалниот натпревар на 7мите Франкофонски игри во Ница, Франција (2013). Остварила уметнички престој во Париз, Франција, “Cite Internationale des Arts”, (2014); Виена, Австрија, Австриско Федерално Министерство за образование, уметност и култура (2011); Њујорк, САД, YVAA (Young Visual Artist Award) во програмата ISCP (International Studio and Curatorial Program) (2009).

    Ангел Миов е ликовен уметник кој се изразува во повеќе медиуми како инсталација, видеоарт, перформанс, сликарство и фотографија. Роден е во Гевгелија во 1982 година, дипломирал 2006 година на ФЛУ-Скопје. Од 2009 година е еден од основачите на уметничката група и простор Арт И.Н.С.Т.И.Т.У.Т во Скопје. Од 2012 година предава Акт и цртање на Факултетот за ликовни уметности во Скопје . Реализирал 12 самостојни изложби. Учествувал на повеќе групни изложби и фестивали како во Македонија, САД, Холандија, Германија, Данска, Босна и Херцеговина, Србија, Франција, Литванија, Израел, Русија и Кина.