×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Измамници бараат пари од повозрасни лица за наводни сообраќајки, граѓаните да бидат претпазливи, апелира МВР

    19.10.2020 14:19 | KumanovoNews

    Граѓаните се почесто пријавуваат измами, кои се најмногу насочени кон повозрасните лица.

    Измамници бараат пари од повозрасни лица за наводни сообраќајки, граѓаните да бидат претпазливи, апелира МВР

    Според МВР, начинот на измама e со телефонско јавување кај постари лица, со лажно прикажување на факти дека нивните син или ќерка предизвикале сообраќајна незгода во која е прегазено дете, а сторителот, лажно претставувајќи се како сведок или службено лице, им ветува дека за одредена сума на пари може да помогне наводниот учесник во сообраќајната незгода да не оди во затвор.

    Има и такви случаи кога измамниците ги доведуваат во заблуда оштетените дека телефонски разговараат наводно со сопственото дете, кое со вознемирен гласим кажува да прават тоа што се бара од нив.

    Притоа, измамниците ги наведуваат оштетените за кусо време да ги обезбедатбараните парични средства, кои ќе бидат преземени од сторителите.

    Од оперативнисознанија на МВР, измамниците на ист начин функционираат и во Бугарија и другитесоседни земји.

    Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да бидатпретпазливи во комуникацијата со непознати лица, која е најчесто телефонска, да ненаседнуваат на измами во кои лажно се нудат услуги, да ги проверуваат податоцитепред да станат жртви на измама, да не им даваат пари на измамниците и ситесомнителни случаи веднаш да ги пријават на бесплатниот телефонски број 192.

    Министерството за внатрешни работи презема мерки и активности за пронаоѓање исанкционирање на пријавените сторители на измами.