Мени

Кафаните да работат до 18 часот со преполовен капацитет, најави Филипче

12.03.2020 11:48 | KumanovoNews

Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција рече дека ќе побара да се усвојат нови мерки за заштита од коронавирус.

Кафаните да работат до 18 часот со преполовен капацитет, најави Филипче

Тој рече дека ќе се препорача да се откажат сите масовни јавни собири каде дистанцата помеѓу луѓето е многу мала, а воедно додаде и дека ќе предложи работното време на кафаните, рестораните и кафиќите да се скрати до 18 часот, со што ќе треба да се намали и капацитетот на присутните гости, за да има поголема дистанца помеѓу нив.

Филипче,  вчера разговарал со надлежните од Северна Италија кои му рекле дека вирусот престанал да се шири на места каде што се вовеле најригорозни мерки, што ни укажува дека и нашите мерки треба да бидат порадикални.