Камион излетал од патот и удрил во жичана ограда, совозачот тешко повреден
02.06.2020 09:34
| KumanovoNews
Едно лице е тешко повредено во сообраќајна несреќа на регионалниот пат Старо Нагоричане - Граничен премин „Пелинце“, на место викано „Змејковец“.

Сообраќајката се случила вчера во 14.10 часот, кога товарно возило „ман“, со тетовски регистарски ознаки, управувано од Х.А.(30) од Куманово, излетало од патот и удрило во жичана ограда.
По незгодата, сопатникот Р.Р.(41) од Куманово бил пренесен во Општата болница Куманово за укажување на лекарска помош, каде му биле констатирани тешки телесни повреди.
Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Куманово.