×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Камион повреди шестмина сватови во Пуковско

    18.06.2012 06:03 | KumanovoNews

    Додека на улицата се формирала свадбена колона  автомобили, наишол разлутениот камионџија и  со камион повредил шетмина, од кои еден завршил во болница.

    Камион повреди шестмина сватови во Пуковско

    Завчера попладне, на свадба во Куманово,  камион влетал на веселба и повредил шесмина сватови. Инцидентот се случил во населбата Иго Тричковиќ, кога сватови од Скопје дошле по невеста во Куманово. На поаѓањето од дома кон црквата, додека на улицата се формирала свадбена колона од автомобили, со камион наишол М.М.(55) од селото Тромеѓа и побарал сватовите веднаш да му се тргнат од патот. Семејството на младоженецот побарало да причека неколку минути, но тој бил упорен.

    Го замолив да биде стрплив само за две минути и ќе го ослободиме патот. Сепак, се работи за свадба. Тој се изнервира и почна да псује по невестата и по сватовите и со вулгарни зборови да се обраќа кон сите што играа на улицата. Го стартуваше камионот и под силна туража почна да се движи низ луѓето. Прво го удри дедото, и наместо да го запре камионот продолжи да вози, удри во колата и пак се движеше кон толпата. Во тој момент во едната рака држеше шипка, а во другата безбол палка и воланот го пушти. На двесетина метри изгуби контрола на возилото и удри во оградата на дворот. Продолжи да турира во место, но за среќа му изгасна камионот.Кога му пријдов и го прашав дали гледа што направи, сакаше да се пресмета со нас. Ги задржав гостите да не наседнуваат на неговата провокација и да не ја растуриме свадбата- вели растревожено свекорот Антон Додевски.

    Потресени од она што се случило, семејствата кажуваат дека голема среќа што е избегната трагедија. Наместо да се радуваат и да слават за среќата за нивните деца, сватовите од Скопје дошле да видат како се повредените. Крпите со кои ја бришеле крвавите рани ги покажуваа и се потсетуваа на немилиот настан. Најтешко поминал чичкото на невестата кој наместо на свадба завршил во кумановската боолница, каде му е сошиена повреда на главата, а мајката на невеста сеуште не може да се соземе од претрпениот страв и шок.

    Јас седев во колата пред нашата гаража и го чекав маж ми да влезе да тргнеме. Камионот удри во колата. Во истиот момент го удри и татко ми, и тој падна на земја, а девојчето на брат ми падна до него. Успејав да излезам од колата преку возачкото седиште и притрчав да им помогнам. Возачот продолжи да се движи низ толпата и да вози меѓу луѓето. Сите врескаа и бегаа да не ги прегази. Тогаш Го удри и детето на брат ми, едвај му ја сопревме крвта на раката. Девер ми се закачил на ограда, од ударот ја повредил главата и беше во болница да го шијат- раскажува Маргица Николовска, мајка на невестата.

    Семејствата го пријавиле случајот во полиција, која извршила увид на лице место во нивно отсуство, но сеуште не ги повикале да дадат изјави за целиот настан. Бидејќи вчера беше неработен ден, исказ ќе дадат деновиве.

    Додека тие биле на свадба во ресторан во Скопје, камионџијата во полицијата ја раскажал неговата верзија на случувањето.

    М.М. тврдел дека сватовите го нападнале со камења и шишиња и се здобил со повреди по телото, откако несакајќи удрил еден човек. Поради тоа тие ќе добијат кривична пријава за насилство, а камионџијата ќе одговара за предизвикување на сообраќајна незгода. Полицијата немаше информации за тоа дека тој повредил повеќе лица, ниту дека удрил во автомобил.

    Семејствата Николовски и Додевски тврдат дека возачот на камионот има роднина во МВР, кој го научил како да го прикаже случајот во полиција, и сега уште ќе испаднат виновни за малтретирањето и понижувањето што го доживеале на очиглед на стотина жители на населбата Иго Тричковиќ.(Вест)