Мени

Kамион се превртел кај Агино Село

09.06.2015 07:22 | KumanovoNews

 Kамион со бугарски таблички, кој го управувал грчки државјанин утрово се превртел на автопатот Куманово-Скопје, кај Агино Село.

Kамион се превртел кај Агино Село

Возачот се здобил со лесни телесни повреди, и бил пренесен на хируршкото одделение во Општа болница Куманово каде му е укажана помош и е пуштен. Од СВР Куманово велат дека нивна екипа врши увид на терен, а сообраќајот е затворен за камиони, додека за автомобилите сообраќајот се одвива непречено.