×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Караџовски: Непочитувањето на мерките ни се врати како бумеранг

    08.06.2020 17:52 | KumanovoNews

    Претседателот на Комисијата за заразни болести, д-р Жарко Караџовски истакна дека влошувањето на состојбата со корнавирусот во земјата е резултат на непочитување на мерките за заштита и социјална дистанца од граѓаните, па кластерската анализа покажала дека сите нови нови случаи се врзани со некаква форма на собир и прослава во периодот 24. и 25. мај.

    Караџовски: Непочитувањето на мерките ни се врати како бумеранг

    „Она што се случи после 26. мај исклучиво согласно епидемиолошките анкети што досега сме ги направиле се должи на тотално непочитување на одредени превентивни мерки, кои ги дадовме како препорака од Комисијата за заразни болести и министерот за здравство, а тоа се: носење заштитна маска, спречување на групирање на повеќе од 2 лица, што ни се удри како бумеранг заради непочитување на мерките за време на верскиот празник Рамазан Бајрам и ифтарските вечери, кои се случуваа во тој период. Вториот бран ни се појави сега, и доколку можам епидемиолошки да се изразам, вториот бран од 26. наваму може да се направи транслација кога би го помрднале во лево, дека тој ќе се поклопи или речиси ќе се поклопи со бројот на заболени во април месец. Значи дојдовме до една состојба кога цела Европа ги попушташе мерките и нашите околни држави, го направивме тоа и ние, очекувајќи дека мерките ќе се почитуваат. Меѓутоа за некои работи крајно сум разочаран од непочитување на овие мерки“, потенцираше прим. д-р Караџовски.

    Просечната возраст на заболените луѓе во државата изнесува 44,8 години, меѓутоа највисока инциденца во моментот има на возрасна група од 50 - 59 години.

    За бројот на тестирани и процент на позитивни, тој изјави дека ништо не е променето во стратегијата поради оценувањата дека нешто се менува во стратегијата и бројот на тестирани.