Казна за 57 кумановци затоа што не носеле маска
13.01.2021 14:01
| KumanovoNews
Педесет и седум жители на Куманово, ќе се соочат со парична казна затоа што не носеле маска на јавно место.

Според статистиката на МВР за периодот (12.01/13.01.2021, по однос на Уредбата за задолжително носење заштита на лицето, евидентирано е дека на ниво на СВР Куманово 75 лица не ја почитувалe.
Од нив во Куманово 47, во Крива Паланка 19 и во Кратово 9, за истите ќе следуваат соодветни мерки.