Казнет 101 возач за пребрзо возење во Куманово, Паланка и Кратово
04.03.2022 21:42
| Сузана Николиќ
На територија на СВР Куманово денеска е спроведена зајакната акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило со брзина поголема од пропишаната.

Притоа санкционирани се 101 возачи, од кои 72 во Куманово, 14 во Крива Паланка и 15 во Кратово.
„Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта“, соопштува МВР.