Казнет 71 кумановец за неносење заштитна маска
28.01.2021 11:59
| KumanovoNews
Над седумдесет граѓанин на Куманово ќе се соочат со казна по 20 евра, затоа што на јавен простор не носеле маска. Истата казна ќе платат и 17 жители на Крива Паланка и 14 на Кратово.

„Во текот на изминатото деноноќие според статистиката на МВР за периодот (27.01/28.01.2021, по однос на Уредбата за задолжително носење заштита на лицето, евидентирано е дека на ниво на Секторот за внатрешни работи Куманово 102 лица не ја почитувалe, од кои во Куманово 71 во Крива Паланка 17 и во Кратово 14, за истите ќе следуваат соодветни мерки“, - соопштува МВР.