Казнети 118 возачи поради брзо возење на територијата на СВР Куманово
04.06.2021 20:25
| KumanovoNews
На подрачјето на СВР Куманово денеска од 14 до 20 часот, спроведена e засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што се санкционирани 118 возачи.

„Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта“,соопшти МВР.