Казнети 124 кумановци затоа што не носеле маски на лицата
22.02.2021 11:13
| KumanovoNews
Дури 124 граѓани на Куманово ќе платат казна затоа што во текот на изминатото деноноќие не носеле заштитна маска на лицето додека биле на јавен простор.

Според статистиката на МВР, од 21.02/22.02.2021, по однос на Уредбата за задолжително носење заштита на лицето, евидентирано е дека на ниво на Секторот за внатрешни работи Куманово 162 лица не ја почитувалe, од кои во Куманово 124 во Крива Паланка 26 и во Кратово 12, за истите ќе следуваат соодветни мерки.