Казнети 125 возачи во Куманово, 82 возеле брзо
25.03.2024 11:21
| KumanovoNews
Во текот на изминатиот викенд, спроведена е акциска контрола на сообраќајната полиција, при што на територијата на Куманово санкционирани се 125 возачи кои не ги почитуваат сообраќајните прописи.

„Од нив, 82 управувале возило со брзина поголема од пропишаната, 23 санкции се изречени за возачи кои управувале возило под дејство на алкохол, 13 за управување возило без возачка дозвола и 7 за нерегистрирани возила“, велат од МВР.
Од полицијата порачуваат дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.