Казнети 125 возачи за викенд во Куманово
Во текот на изминатиот викенд, полициски службеници од Кумановската полиција спроведоа акциска контрола за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните прописи.

Притоа на подрачјето на Куманово санкционирани се вкупно 125 возачи.
„Од нив, 115 управувале возило со брзина поголема од пропишаната, 4 санкции се изречени за возачи кои управувале возило под дејство на алкохол, 4 за управување возило без возачка дозвола и 2 за нерегистрирани возила“, соопшти МВР.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.