Казнети 15 возачи возеле под дејство на алкохол на територијата на СВР Куманово
13.11.2022 18:19
| KumanovoNews
Во текот на изминатата вечер (12/13.11.2022) во периодот од 23.00 до 01 часот Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата на теритирија на СВР Куманово спроведе акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол.

„При контролата констатирани и законски санкционирани се 15 возачи. За време на контролата биле санкционирани и 12 останати прекршоци“, соопшти МВР.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. МВР апелира до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот и да се придонесе за посигурни патишта.