Казнети 18 пешаци кои не ги почитувале сообраќајните прописи
12.02.2022 07:43
| Жаклина Цветковска
Вкупно 18 пешаци од Куманово, Крива Паланка и Кратово, биле казнети од полицијата поради
прекршоци направени во текот на вчерашниот ден.

Во спроведена акциска контрола за откривање на прекршоци што ги прават пешаците на подрачјето на СВР Куманово, за 4 часа биле санкционирани 18 пешаци кои не ги почитувале сообраќајните прописи.
Од нив најмногу или вкупно 13 се од Куманово, 4 во Крива Паланка и 1 во Кратово.