Казнети 45 возачи, возеле под дејство на алкохол и со неприлагодена брзина
Вчера од 22 до 04 часот на територијата на СВР Куманово спроведена е зајакната акциска контрола за откривање на возачи, кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и ја загрозуваат безбедноста во сообраќајот.

Притоа санкционирани се 18 возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол, од кои 16 во Куманово и 2 во Крива Паланка.
„Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта“, соопштува СВР Куманово.
На територијата на Куманово казнести се и 27 возачи кои управуваат возило со брзина поголема од пропишаната.