Мени

Казнети 18 возачи за возење под дејство на алкохол во Куманово

12.12.2021 12:47 | Сузана Николиќ

Синоќа во периодот од 22 до 04 часот на територијата на Куманово спроведена е зајакната акциска контрола за санкционирање на возачи, кои управуваат возила под дејство на алкохол. Притоа санкционирани се 18 возачи.

Казнети 18 возачи за возење под дејство на алкохол во Куманово

„Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта“, соопштува МВР.