Казнети 19 пешаци за небезбедно минување улица
16.08.2023 12:12
| KumanovoNews
Сообраќајната полиција вчера казни 19 пешаци за небезбедно преминување на улица надвор од пешачки премин.

„Секторот за внатрешни работи Куманово во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот, при што на подрачјето на СВР Куманово изречени се 19 санкции за прекршоци што ги прават пешаците. Од нив 15 на подрачјето на Куманово, 2 во Крива Паланка и 2 во Кратово“, соопшти МВР.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, од полицијата апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.