Казнети 205 граѓани од Североистокот за неносење маска
14.05.2021 09:53
| KumanovoNews
Во текот на изминатото деноноќие на ниво на Секторот за внатрешни работи Куманово 205 лица не ја почитувалe Уредбата за задолжително носење заштита на лицето, соопштува МВР.

Од нив во Куманово 139, во Крива Паланка 29 и во Кратово 37. За сите ќе следуваат соодветни мерки.
Во истиот период не се регистрирани непочитувања на забраната за движење.