Казнети 22 возачи во Куманово
13.04.2022 12:13
| Сузана Николиќ
Поради неприлагодена брзина и загрозување на безбедноста на пешаците казнети се 22 возачи во Куманово.

„На подрачјето СВР Куманово изречени се вкупно 22 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 16 санкции и 6 санкции за недавање првенство на минување на пешаци. Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови“, соопштуваат од МВР.
Тие апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесат за побезбедни патишта.