Мени

Казнети 25 возачи, возеле во алкохолизирана состојба

07.03.2022 07:16 | Сузана Николиќ

Полицијата викендов открила 25 возачи кои управувале возила под дејство на алкохол. 

Казнети 25 возачи, возеле во алкохолизирана состојба

Ноќта во сабота на недела од 21 до 05 часот, на територија на СВР Куманово спроведена е зајакната акциска контрола за откривање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол. Притоа санкционирани се 25 возачи, од кои 23 во Куманово и 2 во Крива Паланка.

„Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта“, соопштува МВР.