Казнети 43 возачи поради пребрзо возење
02.07.2021 19:23
| KumanovoNews
Денеска (02.07.) во периодот од 7 до 11 часот на подрачјето на СВР Куманово спроведена e засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната. Притоа санкционирани се 43 возачи на територија на СВР Куманово.

„Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта“, соопштува МВР.