Казнети 53 кумановци за неносење маска
08.01.2021 10:27
| KumanovoNews
Со казна ќе се соочат 53 кумановци кои во изминатите 24 часа се фатени без заштитна маска.

Според статистиката на МВР за периодот (07.01/08.01.2021), по однос на Уредбата за задолжително носење заштита на лицето, евидентирано е дека на ниво на СВР Куманово 75 лица не ја почитувалe, од кои во Куманово 53, во Крива Паланка 15 и во Кратово 7. За истите ќе следуваат соодветни мерки, - соопштува СВР Куманово.