Казнети 53 кумановци затоа што не носеле заштитна маска
21.01.2021 10:31
| KumanovoNews
Казна во висина од 20 евра ќе платат 53 кумановци, затоа што не носеле заштитна маска.

„Во текот на изминатото деноноќие според статистиката на МВР за периодот (20.01/21.01.2021, по однос на Уредбата за задолжително носење заштита на лицето, евидентирано е дека на ниво на Секторот за внатрешни работи Куманово 99 лица не ја почитувалe, од кои во Куманово 53 во Крива Паланка 33 и во Кратово 13, за истите ќе следуваат соодветни мерки“, - соопштува МВР.