Казнети 53 возачи за пребрзо возење
20.06.2021 19:54
| KumanovoNews
Санкционирани се 53 возачи, затоа што ги управувале своите возила со брзина поголема од пропишаната.

Контролата била спроведена денеска од од 14 до 20 часот на подрачјето на СВР Куманово.
„Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта“, соопштува МВР.