Казнети 54 кумановци за неносење маска
11.01.2021 10:07
| KumanovoNews
Во Куманово 54 лица се казнети затоа што не носеле заштитна маска на јавен простор.

„Во текот на изминатото деноноќие според статистиката на МВР за периодот (10.01/11.01.2021, по однос на Уредбата за задолжително носење заштита на лицето, евидентирано е дека на ниво на Секторот за внатрешни работи Куманово 67 лица не ја почитувалe, од кои во Куманово 54 во Крива Паланка 8 и во Кратово 5. За сите ќе следуваат соодветни мерки“, - соопштуваат од СВР Куманово.