Казнети 60 возачи за пребрзо возење
17.06.2021 19:56
| KumanovoNews
На подрачјето на СВР Куманово, денеска во периодот од 14 до 20 часот, спроведена e засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната. Притоа санкционирани се 60 возачи.

„Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта“, соопштува СВР Куманово.