Казнети 63 возачи за пребрзо возење
30.07.2021 19:50
| Сузана Николиќ
Денеска од 14 до 20 часот полициски службеници од СВР Куманово спроведоа засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната. На територијата на СВР Куманово санкционирани се 63 возачи.

„Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта“, соопшти МВР.