Казнети 64 кумановци за не носење на заштитни маски
03.03.2021 15:18
| KumanovoNews
Парична казна ќе платат 64 кумановци затоа што не носеле заштитна маска на лицето на јавен простор.

Според статистиката на МВР за периодот (02.03/03.03.2021), 104 лица не ја почитувалe Уредбата за задолжително носење заштита на лицето, на ниво на СВР Куманово. Во Куманово 64, во Крива Паланка 26 и во Кратово 14 лица. За сите ќе следуваат соодветни мерки.