Казнети 67 кумановци - не носеле заштитни маски
23.03.2021 14:10
| KumanovoNews
Шеесет и седум кумановци ќе се соочат со парични казни затоа што не носеле заштитни маски на јавно место.

„Во текот на изминатото деноноќие според статистиката на МВР за периодот (22.03/23.03.2021), по однос на Уредбата за задолжително носење заштита на лицето, евидентирано е дека на ниво на Секторот за внатрешни работи Куманово 101 лица не ја почитувалe. Од нив 67 во Куманово, во Крива Паланка 17 и во Кратово 17. За сите ќе следуваат соодветни мерки“, соопштуваат од МВР.
За истиот период едно лицe не ја почитувалo забраната за движење.