Казнети 79 возачи од Куманово за непочитување на сообраќајните прописи
14.02.2022 18:29
| Жаклина Цветковска
Вкупно 79 возачи од Куманово биле казнети во текот на изминатите два дена при спроведување на акциска контрола од страна на полициски службеници од СВР Куманово.

Санкционирани се 57 возачи кои управувале возило со брзина поголема од пропишаната, 15 за управување возило под дејство на алкохол и 7 за управување возило без возачка дозвола.