Казнети 82 возачи за брзо возење на автопат Куманово – Скопје - Велес
11.07.2021 16:52
| KumanovoNews
Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата, денеска спроведе зајакната акциска контрола на автопатот Куманово – Скопје - Велес за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената. Притоа се санкционирани 82 возачи.

Од нив, 28 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возилo се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.
„Засилените акциски контроли продолжуваат. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта“, соопштув МВР.