Казнети 89 лица кои за викенд не носеле заштитна маска
15.06.2020 11:00
| KumanovoNews
Според податоците на СВР Куманово, казнети се 89 лица кои не носеле заштитна маска, за време на викенд.
Како што информираат оттаму, во истиот период на 91 лице му е издадено решение за изолација, а на 7 за самоизолација.
„На подрачјето на ПС ОН Куманово во моментот евидираат 382 лица со решение за изолација од кои 91 се регистрирани за времена викендот додека 150 лица се во самоизолација од кои 7 се регистрирани за време на викендот“, соопштуваат од СВР Куманово.
За време на викендот во Куманово беа регистирани две нови жаришта на коронавирус, односно нови кластери во селото Лопате и централното градско подрачје на Куманово.
Во Кумановско и Липковско досега вкупно има 638 заболени од коронавирус.
(Д.Д)

