Казнети 9 возачи кои не пропуштиле пешаци на пешачки премин
22.02.2022 15:16
| Сузана Николиќ
Во Куманово денеска од 8 до 13 часот спроведена е акциска контрола за санкционирање на возачите кои не даваат првенство на минување на пешаците на пешачки премин.

При контролата констатирани се 9 прекршоци, поради што на возачите им се изготвени соодветни поднесоци. Тие ќе се соочат со законски предвидените глоби.
„Апелираме до возачите да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. Исто така, апелираме и до пешаците да го минуваат коловозот на обележан пешачки премин, затоа што непочитувањето на сообраќајните правила ќе биде санкционирано“, соопшти МВР.