Kазнети две фирми во Куманово
11.12.2014 12:27
| KumanovoNews
Државниот пазарен инспекторат минатата недела казнил две фирми, а една опоменал заради непочитување на законите.
Првата фирма треба да плати 208.760 денари, а другата 36.900 денари по Законот за трговија. Опомената е изречена по Закон за угостителска дејност.
Во првата седмица од декември, Државниот пазарен инспекторат извршил 1338 надзорни контроли на ниво на Македонија.