Казнети возачи за брзо возење
07.09.2021 13:42
| Сузана Николиќ
Полициски службеници од СВР Куманово, синоќа од 20 до 24 часот, спроведоа засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило со брзина поголема од пропишаната. Притоа санкционирани се 21 возачи.

„Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и зедно да придонесеме за посигурни патишта“, соопштува МВР.