Казни за 181 возач во Куманово
19.09.2022 11:59
| Сузана Николиќ
СВР Куманово за време на викенд спроведе акциска контрола за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните прописи. Притоа на подрачјето на Куманово санкционирани се 181 возач.

„Од кои 79 управувале возило со брзина поголема од пропишаната, 38 санкции за возачи кои управувале возило под дејство на алкохол, 12 за управување возило без возачка дозвола и 52 останати видови прекршоци. Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта“, соопштува МВР.